Николовски од Брисел: Електронската размена со Бугарија ги зајакнува „Зелените ленти“ и довербата на ЕУ

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на неформалниот состанок на генералните директори на царините во Брисел, нагласи дека потпишаниот Меморандум со Бугарија дава нов импулс на иницијативата „Зелени ленти“. Овој документ овозможува електронска размена на податоци пред стоката да пристигне на граничните премини, со што значително се забрзува протокот и се зајакнува конкурентноста на македонските компании. Според Николовски, ваквата соработка е јасен доказ за довербата која Европската Унија ја има во капацитетите на системот што го гради нашата држава.

 

На средбата организирана од Секретаријатот на ЦЕФТА, се дискутираше за практичната примена на овие договори и за натамошното ширење на „Зелените ленти“ меѓу земјите од ЦЕФТА и Европската Унија на стратешко ниво. Целта е овие концепти да се претворат во целосно функционални системи кои ќе ги елиминираат застоите на границите. Со учество на директорите на Транспортната заедница и колегите од регионот, беше потврдено дека продлабочувањето на дигиталната соработка е клучниот пат кон поефикасна регионална трговија и побрза интеграција во единствениот европски пазар.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.