Новогодишна еуфорија за најмладите: „Kids Disco“ во МКЦ добива дополнителен термин поради огромен интерес

Предновогодишната магија за најмладите добива продолжение, откако првото издание на интерактивното шоу „Kids Disco“, кое треба да се одржи на 28 декември 2025 година во Младинскиот културен центар (МКЦ), беше целосно распродадено во рекордно краток рок. Огромниот интерес потврди дека овој концепт прераснува во еден од најбараните детски настани во градот.

 

Поради големиот број барања од страна на родителите, организаторите одлучија да отворат уште едно дополнително шоу на истата дата – 28 декември 2025 година, со почеток во 14:00 часот.

 

„Kids Disco“ е внимателно осмислено интерактивно шоу наменето за деца од 2 до 12 години, кое комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува Kids DJ, маскоти, 3D анимации, професионални аниматори, како и Magic & Clown Show, создавајќи безбедна, весела и незаборавна атмосфера за најмладата публика.

 

Настанот претставува уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост, додека на родителите им нуди сигурен и квалитетен настан организиран по највисоки стандарди.

 

Влезниците за второто шоу се веќе пуштени во продажба и се достапни преку платформата www.kupikarta.com. Организаторите апелираат родителите навреме да обезбедат билети, со оглед на исклучително брзата продажба на првиот термин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.