„Урбани пејзажи“ во Францускиот институт: Рафаел Ристовски изложува фотографии инспирирани од Париз
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 15 Декември 2025
Францускиот институт во Скопје најавува отворање на изложбата „Урбани пејзажи“ на македонскиот уметник Рафаел Ристовски, која ќе се одржи во среда, 17 декември 2025 година, со почеток во 18:00 часот во просториите на Институтот.
Изложбата претставува колекција на фотографии кои Ристовски ги создал за време на неговиот уметнички престој во резиденцијата Cité internationale des arts во Париз. Оваа резиденција секоја година е домаќин на повеќе од 300 уметници од целиот свет и е клучна точка за меѓународно вмрежување.
Престојот на Ристовски е дел од долгогодишната соработка помеѓу македонското Министерство за култура и Cité des Arts, која им овозможува на македонските уметници да престојуваат во Париз, каде црпат инспирација и создаваат нови дела.
Кураторка на изложбата е Мелоди Робин, чија работа се фокусира на истражување на влијанијата на париското искуство врз делата на македонскиот уметник, како и на дијалозите помеѓу локалната и меѓународната естетика. На отворањето ќе се одржи и уметничка средба, модерирана од мултимедијалната уметница Јана Луловска, која во 2023 година исто така престојувала на резиденција во Cité internationale des arts во Париз.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












