Спој на импровизација и електроника: Џорлев, Спировски и Георгиевски со заеднички концерт во „Дуња“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 08 Декември 2025
На 11 декември (четврток), со почеток во 20 часот, во Социјален Центар „Дуња“ ќе се одржи заеднички концерт на тројца истакнати музичари од локалната сцена: Мартин Џорлев (гитара), Нинослав Спировски (саксофон, кларинет) и Мартин Георгиевски (електроника).
Овој заеднички настап претставува спој на инди-рок искуството на Џорлев со фри џезот и импровизацијата на Спировски и експерименталната електроника на Георгиевски.
Мартин Џорлев е познат по неговиот придонес во инди-рок/пост-панк бендот „Луфтанза“, како и по работата во составите Zulu 3.4, Стој, После! и Животни.
Нинослав Спировски е еден од најактивните претставници на новиот бран на импровизирана музика во Македонија. Како фри џез кларинетист и саксофонист, тој застапува личен израз надвор од традиционалните џез шеми, а најпознат е по соработката со Светлост и Светлост + Одрон Ритуал Оркестра.
Мартин Георгиевски, кој настапува под псевдонимот Amplidyne Effect, е фокусиран на електронска, амбиентална и експериментална музика. Неговиот опус главно се состои од импровизирани сесии, а има издадено бројни изданија и настапувал на значајни европски фестивали како Pohoda Festival и PNEM Soundart Festival.
Влезот за концертот е со препорачана донација за поддршка на артистите.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












