Јасна Јасна Жмак во Скопје: Промоција на „Оние работи“ – есеи за женската сексуалност
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 04 Декември 2025
На 9 декември, во 19:30 часот, во просторот „Netaville“ (ул. Никола Тесла бр. 9) во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Оние работи: Есеи за женската сексуалност“ од хрватската авторка и драматургина Јасна Јасна Жмак.
„Оние работи“ е збирка есеи која отворено и истражувачки се занимава со теми за кои често се молчи во општеството: женското тело, сексуалноста и интимноста. Авторката, користејќи препознатлив феминистички светоглед, комбинира лични искуства со современа сексолошка литература, отворајќи прашања за родовиот идентитет, сексуалната ориентација, менструацијата, мастурбацијата, невиноста, сексот, телесните норми и гинекологијата. Наместо да ги третира како скандалозни, Жмак им пристапува со динамичен, интелектуално прецизен и духовит стил.
Книгата е второ издание во новата едиција на „Тиииит! Инк.“ – „VaginaDentata“, чија главна уредничка е Јана Коцевска. Уредничка на македонското издание е Грација Атанасовска, додека преводот од хрватски на македонски јазик го направија Мања Величковска и Фросина Крушкаровска.
Книгата ќе биде претставена од писателката и професорка Румена Бужаровска, по што ќе следи разговор со авторката, преведувачките и уредничката.
Јасна Јасна Жмак, која е и сценаристка и доцентка на Академијата за драмска уметност во Загреб, се издвојува на современата регионална интелектуална сцена со својот храбар пристап кон темите како род, сексуалност и уметничка одговорност. Нејзините есеи ја афирмираат идејата дека интимното е неизбежно политичко, а тишината околу „оние работи“ е дел од системски механизам на контрола и срам.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












