„Urban Armour“ во Скопје: Брутализмот оживеа како моден израз на Филолошкиот факултет

Во аулата на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на 29.11.2025 година, се одржа модна ревија под називот „Urban Armour“ (Урбан штит). Овој настан е дел од истоимениот иновативен културен проект, кој има за цел да ја афирмира архитектонската вредност на бруталистичкото наследство преку негово пренесување во полето на современиот визуелен дизајн и културен дискурс.

 

Автор на проектот е Татјана Гиновска, која ја претстави својата визија за преточување на строгите линии и монументалноста на брутализмот во модерен, носилив дизајн.

 

Проектот „Urban Armour“ беше реализиран под менторство на двајца исклучителни професионалци од македонската модна сцена. Никола Булески, моден дизајнер познат по чисти линии, современи концепти и дисциплиниран пристап кон формата, и Александар Ношпал, едно од најпрепознатливите имиња во македонската мода, со авангарден израз и повеќедецениско влијание врз локалната естетика.

 

Проектот „Urban Armour“ е поддржан од Министерството за култура, во рамки на Програмата за поддршка на креативни индустрии.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.