Балетски бисер на сцената на НОБ: Премиера на раскошната „Шехерезада“
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 01 Декември 2025
Националната опера и балет (НОБ) со гордост го најавува балетското ремек-дело „Шехерезада“ од Николај Римски-Корсаков, кое ја обединува магијата на ориенталните приказни со раскошната балетска уметност. Изведбата е закажана за 5 декември 2025 година, со почеток во 20:00 часот.
Оваа балетска класика, базирана на мотивите од легендарната збирка „Илјада и една ноќ“, ќе се одржи под диригентската палка на Бисера Чадловска. Кореографијата е дело на познатиот балет-мајстор од Москва, Михаил Крапивин, поставена врз првичната постановка на Михаил Фокин. За целосниот сценски впечаток ќе придонесат сценографијата на Марија Ветероска и костимите креирани од Маја Бурсаќ од Србија, додека концерт-мајстор е Верица Ламбевска.
Главните улоги ќе ги толкуваат Наташа Трендафилова Гицев и Балаж Лочеи од Унгарија, заедно со првенците, истакнатите солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.
Балетот „Шехерезада“ е едно од најголемите ремек-дела во балетската литература, кое ја истражува моќта на раскажувањето, страста, љубомората и дворските интриги. Со богата кореографија, експресивни движења и внимателно избрани сценски детали, делото ја фасцинира публиката со мистериозниот лик на Шехерезада и раскошниот сценски израз.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












