„Комунална хигиена“ со засилени активности: Собирање отпад седум дена во неделата и секојдневно метење на фреквентните локации
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 15 Декември 2025
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје информира за интензивните активности во изминатата недела за одржување на јавната чистота во градот.
Во текот на неделата, претпријатието во три смени, седум дена во неделата, реализираше собирање и транспорт на комуналниот отпад од сите 5000 надземни, подземни и полуподземни контејнери лоцирани во сите скопски општини. Дополнително, приближно 90.000 канти наменети за одлагање на комуналниот отпад од индивидуалните домаќинства се празнеа два пати во неделата, согласно однапред утврден распоред.
ЈП „Комунална хигиена“ продолжува и со континуирано одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини кои се под надлежност на Градот Скопје. Секојдневно се спроведува рачно и машинско метење на најфреквентните јавни површини, вклучувајќи ги улицата Македонија, централниот плоштад Македонија и помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица.
Активностите за чистење ги опфаќаат и Камениот мост, мостовите „Гоце Делчев“ и „Слобода“, пешачките мостови во централното градско подрачје, како и Старата скопска чаршија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












