„Украсуваме по скопски“: Град Скопје ги повикува граѓаните на натпревар за најубава празнична декорација

По иницијатива на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, Градот Скопје ја организира манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“, со цел да ги мотивира жителите на главниот град да ги украсуваат своите домови и со тоа да придонесат во разубавувањето на празничниот амбиент за време на Новогодишните и Божиќните празници.

 

Граѓаните кои сакаат да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување, можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, во периодот од 11 до 23 декември 2025 година, од 9 до 16 часот.

 

Фотографиите од украсените објекти, заедно со податоците за сопствениците, телефонскиот број и адресата, учесниците можат да ги испраќаат на интернет-адресата Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или на адреса: булевар Илинден бр. 82, со назнака за манифестацијата „УКРАСУВАМЕ ПО СКОПСКИ“.

 

Годинава, Градот Скопје ќе избира победници во следните категории:

 

Најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа.

Најубаво новогодишно украсена тераса од стан.

Најубави раскази напишани од средношколците на тема новогодишни желби и празнувања.

 

Пријавените објекти ќе бидат посетени од жири-комисија составена од претставници на медиумите, кои исто така ќе ги оценуваат и составите на средношколците. Заинтересираните медиуми можат да пријават свои претставници за членови во жири-комисиите на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

Градот Скопје за најдобрите во сите категории ќе обезбеди соодветни награди, кои ќе ги додели градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.