Градоначалникот Ѓорѓиевски домаќин на амбасадорката Агелер

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари значајна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е. Анџела П. Агелер, која за првпат во својство на амбасадорка официјално го посети Градот Скопје. На средбата присуствуваше и делегација од Амбасадата на САД, вклучувајќи го Дејвид Маерс, шеф на Политичко-економскиот оддел, како и Розита Мреношки, помошник за политичко-економски прашања.

 

Средбата, која се одвиваше во отворена, пријателска и конструктивна атмосфера, претставува значаен чекор во продлабочувањето на долгогодишното стратешко партнерство со САД.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски ја информирал амбасадорката за неговата изборна програма, динамиката на нејзина реализација и тековните проекти што Градот Скопје ги спроведува. Разговорот се фокусирал на предизвиците, визиите и стратешките приоритети за развој на градот во следните години, со посебен акцент на институционалниот развој, економскиот напредок и бескомпромисната борба против корупцијата на сите нивоа.

 

„Особено важно беше заедничкото согледување на потребата од бескомпромисна борба против корупцијата на сите нивоа. Се согласивме дека само со транспарентност, отчетност и силни институции можеме да изградиме модерно и доверливо општество“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.

 

Тој ја нагласи огромната важност на поддршката што Македонија ја добива од САД во развојот на институциите, демократијата и економијата, изразувајќи уверување дека ова партнерство ќе се продлабочува и ќе продолжи да создава нови можности за жителите на Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.