Градот Скопје го враќа сјајот на централното подрачје: Обнова на Плоштад Македонија

Градот Скопје продолжува со интензивни активности насочени кон обновување на јавните површини и подобрување на урбаниот амбиент, со посебен фокус на враќање на достоинствениот изглед на централното градско подрачје. Со засилен ангажман и координација на сите градски служби, започнати се интервенции на места што со години беа занемарени и оставени без основно одржување.

 

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку социјалните мрежи информираше за тековните активности.

 

„Го враќаме сјајот на Скопје! Деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Го средуваме она што со години беше запоставено, а требаше да се одржува секојдневно, затоа што Скопје го заслужува најдоброто“, напиша Ѓорѓиевски.

 

Конкретните интервенции се насочени кон враќање на функционалноста, безбедноста и убавината на просторот што секојдневно го користат илјадници граѓани и посетители.

 

На Плоштадот „Македонија“ се врши замена на скршените и пропаднати плочки. Дополнително, фонтаните што долго време беа оставени на забот на времето повторно се враќаат во функција, а пристапните патеки се санираат со цел да престанат да бидат предизвик и мачнина за граѓаните.

 

„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град, токму таков како што го паметиме и каков што сакаме да го оставиме за идните генерации. Го правиме тоа за нас, но и за сите гости кои секојдневно доаѓаат да го запознаат нашиот главен град“, порача градоначалникот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.