Сите скопски средни училишта добиваат фотоволтаици

Градот Скопје започнува со целосна енергетска трансформација на своите образовни институции. На денешната седница на Советот, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја потврди својата кампањска заложба, најавувајќи дека секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на неговиот мандат.

 

Оваа мерка е дел од посветеноста на градот кон одржливост, енергетска ефикасност и модерно образование, со цел да се обезбедат современи и економично одржливи училишта за младите.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека ова е сериозна економска мерка која се очекува да значи над 30% намалување на трошоците за електрична енергија за училиштата. Тој посочи дека истиот модел е успешно воспоставен во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега се пренесува на ниво на целиот град.

 

„Фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија. Тие обезбедуваат стабилност, намалување на зависноста од традиционални извори и одговорно управување со јавните средства. Со оваа инвестиција создаваме современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината. Образованието е темелот на секој напреден град“, изјави Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.