Град Скопје со препораки за зимската сезона: Засилени инспекциски контроли и апел за одговорно греење
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 04 Декември 2025
Со оглед на приближувањето на зимската сезона и очекуваните епизоди со зголемено загадување на амбиенталниот воздух, Секторот за заштита на животната средина при Град Скопје предлага мерки и препораки насочени кон граѓаните. Целта е да се подобри квалитетот на воздухот, особено во претстојниот период.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е неопходно редовно чистење и одржување на грејните тела и оџаците во домовите.
Клучен апел е да се избегнува користењето на несоодветни и токсични материјали за затоплување. Граѓаните не смеат да користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или било каков синтетички материјал. Се препорачува за затоплување да се користи исклучиво суво и чисто дрво, без примеси од земја и отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.
Дополнително, се препорачува редовен сервис на котлите, печките и клима уредите со цел да се обезбеди ефикасно согорување и помала емисија на штетни материи.
Град Скопје најавува дека во периодот што следи, ќе се спроведат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи. Посебно внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад, што е еден од најголемите загадувачи во урбаната средина.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












