Градоначалникот Ѓорѓиевски во Дневниот центар за церебрална парализа: „Таму каде што љубовта создава можности“

По повод Светскиот ден на лицата со попреченост, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го посети Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Посетата беше посветена на оддавање почит на достоинството, храброста и силата на лицата со попреченост, кои секојдневно даваат лекција за вистинска упорност.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека Центарот, кој повеќе од две децении обезбедува поддршка, развој и топлина, е место каде што „љубовта создава можности“.

 

„Посебна чест е да зборуваме за Дневниот центар за лица со церебрална парализа. Преку Центарот поминале над 100 лица, а денес 22 корисници тука учат, растат и се развиваат. Овие бројки претставуваат вистински животни приказни и мали, но големи победи,“ рече Ѓорѓиевски.

 

Тој потенцираше дека Центарот е создаден благодарение на визијата и упорноста на Здружението на родители на деца со церебрална парализа – Скопје. Според него, нивната љубов ја започнала приказната, а стручниот кадар и родителите ја продолжуваат секој ден.

 

Градоначалникот нагласи дека како Град Скопје, нивна должност е да овозможат уште подобри услуги, поголема достапност и вистинска инклузија. „Лицата со попреченост не бараат привилегии, туку бараат можност, а ние сме тука да ја создадеме,“ заклучи Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.