Еко-патролата на терен: 1.500 кубни метри непрописно одложен отпад отстранети во ноември

Еко-патролата при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на ноември 2025 година спроведе интензивна активност, фокусирајќи се на едукација и санкционирање на неправилното одлагање на отпадот.

 

Во текот на месецот, реализирани се вкупно 179 едукативни разговори со претставници на стопанските субјекти, како и со лица кои биле затекнати при непрописно одлагање на отпадот. Целта на разговорите била информирање на граѓаните за начинот, локацијата и термините за одлагање на комуналниот отпад и отпадот од пакувања, согласно законските одредби, со цел заштита на животната средина и јавното здравје.

 

Паралелно со едукативниот дел, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје интервенирале на терен, при што се подигнати и транспортирани 1.500 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад.

 

Интервенирано е во речиси сите скопски општини, вклучувајќи ги и таканаречените „црни точки“ каде што е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и на сообраќајни површини. Во овие месечни податоци не се пресметани дополнителните количини отстранет отпад во рамките на масовната акција за чистење на градот, која се одвиваше во периодот од 6 до 9 ноември.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.