Ѓорѓиевски на Советот за реформи: Дигитализацијата и ефикасноста се клучни за европска администрација

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, учествуваше на втората седница на Советот за реформи во јавната администрација, на покана на Премиерот на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски. На состанокот беше истакната потребата од иницирање длабоки и суштински промени во функционирањето на институциите, со цел да се создаде современа, ефикасна и европска јавна администрација која работи во служба на граѓаните.

 

Ѓорѓиевски, кој присуствуваше на седницата како дел од двигателот на овие промени, ја пренесе својата увереност дека Македонија може да оди напред само доколку администрацијата работи побрзо, поефикасно и професионално.

 

„Институциите мора да комуницираат меѓусебно и да работат беспрекорно и со целосна одговорност,“ нагласи градоначалникот.

 

Тој посочи дека новиот реформски пристап е јасно дефиниран и се темели на четири клучни принципи: дигитализацијата како основен стандард, професионална и отчетна администрација, рационализација на процесите со значително намалување на бирократијата и целосна усогласеност со европските стандарди и практики.

 

Според Ѓорѓиевски, ова е визија за држава во која системот конечно работи за граѓанинот. „Со решителност и јасна насока, уверен сум дека можеме да станеме пример за функционална и европска јавна администрација,“ заклучи тој.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.