Водата за пиење во Скопје безбедна

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, со цел транспарентно информирање на граѓаните, го објави неделниот лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.

 

Анализите, спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 24.11.2025 до 28.11.2025 година, покажаа дека водата е целосно безбедна за пиење.

 

Во текот на изминатата седмица, Секторот за санитарна контрола земал вкупно 187 примероци за физичко-хемиска и исто толку, 187 примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 42 различни мерни места низ градот Скопје.

 

Согласно добиените резултати од испитувањата, сите тестирани примероци во целост одговараат на одредбите од Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18). Со тоа, ЈП „Водовод и канализација“ потврдува дека граѓаните на Скопје добиваат квалитетна и безбедна вода за пиење.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.