Активирано Координативното тело на градоначалници: Скопје најавува забрзано решавање на проблеми и клучни проекти

По повеќе од три години застој, денес во просториите на Град Скопје се одржа првата седница на Координативното тело на градоначалници. Со реактивирањето на ова тело, се воспоставува редовна и функционална пракса на координација меѓу сите скопски општини, со јасна цел за навремено и системско решавање на наталожените комунални и инфраструктурни проблеми.

 

Градоначалниците постигнаа договор за заеднички пристап во креирањето на Буџетот на Град Скопје и во дефинирањето на приоритетите, со што се очекуваат брзи, координирани и практични решенија на терен.

 

Раководството на Градот информираше дека критичната состојба што ја наследиле, вклучувајќи нарушена финансиска стабилност и нефункционални јавни претпријатија, е стабилизирана. Преземени се мерки за консолидација на јавните претпријатија, расчистени се големи и мали диви депонии, а градот е значително почист.

 

Најавени се и тендерски постапки за низа клучни проекти, вклучувајќи го решавањето на проблемот со „Лимак“, изградба на кружниот тек во Ѓорче Петров, стабилизација на водниот притисок во високите зони и серија други комунални зафати.

 

Еден од најзначајните проекти, долгоочекуваниот Луна Парк, конечно влегува во фаза на реализација по децении чекање. Паралелно со инфраструктурните зафати, Градот спроведува динамична акција за отстранување на времените објекти кои го узурпираат јавниот простор, со цел ослободување на тротоарите и обезбедување безбедно движење на пешаците.

 

Градоначалникот Ѓорѓиевски најави интензивна работа во сите општини и паралелна реализација на повеќе проекти со темпо што ќе донесе видливи резултати за граѓаните.

 

„Следува многу работа и многу посветен труд. Ќе работиме дисциплинирано, координирано и со јасна цел – подобро Скопје за сите граѓани. Најдоброто допрва доаѓа,“ изјави градоначалникот Ѓорѓиевски по состанокот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.