„Winter Festival“ пред „Борис Трајковски“: Скопје добива новогодишна бајка

Скопје конечно добива празнична бајка по теркот на големите европски божиќни базари. Од 24 до 28 декември, просторот пред арената „Борис Трајковски“ ќе се трансформира во новогодишна идила со „WINTER FESTIVAL“, настан кој ветува топла празнична атмосфера, богата музичка програма и цела плејада на гастрономски задоволства.

 

Фестивалскиот простор ќе биде автентично уреден, со дрвени куќарки, голема елка, обилни празнични украси и светлосни инсталации, создавајќи магично празнично чувство на секој чекор.

 

Посетителите ќе имаат можност да уживаат во врвни street food деликатеси од познати локални гастро брендови како Breadway, Jojo’s, Sorelle, Destan, Milkey, Oljo’s, La Pizza, Smash Burger, Crash Bar, Burger Slut, Сармата на Ивона и мини крофни. Атмосферата ќе биде зачинета со мирис на зима, топла храна и празнични пијалаци, вклучувајќи греени верзии на вино, џин, ракија и пиво, како и специјални фестивалски менија.

 

Музичката програма е богата и разновидна. Во текот на петте фестивалски дена, на сцената ќе настапат популарни бендови, артисти и диџеи, меѓу кои: The Ringtones, Куку Леле, Дуо Дис, Breakdown Band, Васил Ангелов со бенд, како и плејада диџеи: DJ Ivan, DJ Guardian, DJ Omimann, DJ Ficho, DJ Tina Mickovska, DJ Foodieman, DJ Mats, DJ Freeky, DJ Tami и DJ Bono. Дополнително, за визуелен спектакл ќе се погрижат урбаните танчари „Break a Leg“.

 

Организаторите не ги заборавија ниту најмладите. За децата, „Winter Festival“ ќе понуди забави со маскоти, аниматори, како и бројни интерактивни детски активности.

 

„WINTER FESTIVAL“ ветува дека ќе го претвори просторот пред арената во срцето на градот за време на празниците.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.