Започна темелно чистење на кејот и коритото на Вардар – Градоначалникот Ѓорѓиевски најавува трајна практика
- Детали
- Категорија: Град Скопје
- Создадено: 26 Ноември 2025
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивните активности за уредување на јавните површини, со посебен акцент на темелното чистење и одржување на кејот на реката Вардар и нејзиното корито.
Ѓорѓиевски истакна дека екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки, со цел да се отстрани сето она што со години било занемарено.
„Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, изјави градоначалникот.
Според Ѓорѓиевски, активностите имаат за цел да стават крај на сликата која била недолична за главниот град, а која, како што рече, конечно станува дел од минатото.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












