Отстранети 104 непрописно паркирани возила за една недела
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 15 Декември 2025
Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ), во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, спроведе засилена акција во изминатата недела. Во периодот од 8 до 14 декември 2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“, биле отстранети 104 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот на територијата на Општина Центар.
Од ЈП ПОЦ и СВР Скопје нагласуваат дека за трајно решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање, неопходна е поголема сообраќајна култура кај возачите.
Поради тоа, најавено е дека двете институции ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили. Целта на овие засилени активности е да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот на централното градско подрачје.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












