Герасимовски ги повикува граѓаните да ги дефинираат приоритетите за 2026 година
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 10 Декември 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите жители активно да учествуваат на Буџетскиот форум за 2026 година, кој ќе се одржи денеска, 10 декември, во 19:00 часот, во ООУ „Димитар Миладинов“.
Форумот е организиран со цел да се обезбеди директна инклузија на граѓаните во процесот на креирање на општинскиот буџет. Жителите ќе имаат можност непосредно да се запознаат со општинските политики, да предложат проекти и идеи, како и да ги дефинираат приоритетите што ќе придонесат за подобрување на условите за живеење во општината.
„Заедно со граѓаните реализиравме голем број успешни и значајни проекти, а така ќе биде и во наредниот период. Ги поканувам центарци да ги дефинираме приоритетите што ќе придонесат за развој на нашата општина“, истакна Герасимовски.
На настанот ќе присуствуваат раководителите од општинската администрација, претставници на месните и урбаните заедници, претставници на невладиниот сектор, како и сите заинтересирани жители.
Општина Центар со овој чекор ја потврдува својата посветеност кон транспарентно, отчетно и инклузивно донесување одлуки, осигурувајќи дека буџетските проекти ги одразуваат реалните потреби на заедницата.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












