Општина Центар со ригорозни контроли: Изречени 24 казни на градилишта од 1.300 до 1.800 евра
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 02 Декември 2025
Општина Центар спроведува интензивни инспекциски контроли на градилиштата низ целата локална самоуправа, со цел да се стави ред во градежниот сектор и да се заштити јавниот простор.
Во изминатиот период, општинските служби извршиле надзори на 30 активни градилишта, при што се изречени 24 казни за различни прекршувања на прописите. Санкциите се движат во висина од 1.300 до 1.800 евра. Најчести прекршувања се незаконското зафаќање на јавни површини со градежен материјал и присуството на нечистотија (валкани гуми) на улиците.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, порача дека локалната самоуправа ќе реагира на секое нарушување на јавниот простор и безбедноста на граѓаните.
„Континуирано спроведуваме надзор на активните градилишта во општината. Сите што ги прекршуваат прописите и го узурпираат јавниот простор ќе се соочат со соодветни мерки. Наша цел е да обезбедиме уредена средина за граѓаните,“ рече Герасимовски.
Од Општина Центар додаваат дека редовните контроли се дел од пошироката заложба за спречување на бесправната градба и заштита на заедничкиот простор, најавувајќи дека ваквите надзори ќе продолжат и во наредниот период.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












