Градоначалникот Герасимовски се сретна со Стопанската комора МАТТО
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 28 Ноември 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска оствари средба со претставници на Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO), на која се разговараше за отворање на нови можности за заеднички проекти и забрзан развој на општината.
Претставниците на MATTO му упатија честитки на градоначалникот Герасимовски по повод неговото именување на функцијата за втор мандат.
„Соработката со MATTO ќе донесе нови можности за развој на Општина Центар“, изјави градоначалникот по средбата.
Двете страни ја потврдија својата подготвеност за активно унапредување на соработката преку конкретни иницијативи и проекти кои ќе имаат директен придонес за економскиот и општествениот развој на општината. Турските инвеститори и македонските компании, членки на MATTO, изразија силен интерес за воспоставување партнерства кои ќе создадат нови развојни шанси и значително ќе ја зајакнат локалната економија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












