Урната дивоградба на „Орце Николов“ во Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 28 Ноември 2025
Општина Центар продолжува со обемната акција за воспоставување ред на јавните површини, при што денеска беше урната нелегална доградба на деловен објект лоциран на улица „Орце Николов“ бр. 139 во Дебар Маало.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека оваа акција е дел од континуираната борба против самоволието на поединци кои узурпираат заеднички простор. „Јавните површини во Центар им припаѓаат на сите граѓани и нема да дозволиме да се претвораат во приватни имоти поради самоволие на поединци. Секој бесправно изграден или незаконски поставен објект ќе биде санкциониран со соодветни решенија и постапки за негово отстранување“, порача Герасимовски.
Нелегалната конструкција, со димензии 15 на 5,7 метри, била изградена без никакво одобрение за градење. Градежниот инспектор издал решение со кое на инвеститорот „Екотон Дизајн“ му било наложено самиот да ја отстрани доградбата. Откако инвеститорот не постапил по решението и по повеќекратните опомени, општинските служби пристапија кон отстранување на бесправно изградената конструкција.
Општина Центар најавува дека ќе продолжи со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставените објекти. Целта на овие мерки е заштита на јавниот интерес и враќање на просторот на граѓаните, како дел од пошироката стратегија за уредување и подобрување на урбаниот простор во општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












