Општина Центар ја урна дивоградбата на ресторанот „Мечка“

Општина Центар ја продолжи акцијата за отстранување на нелегални објекти, при што беше урната дивоградбата на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало. Незаконската доградба го блокираше тротоарот, дел од коловозот и пешачкиот простор, узурпирајќи го јавниот простор.

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ја потврди одлучноста на општината: „Нема да дозволиме узурпирање на јавен простор поради приватни интереси. За секој објект каде што ќе утврдиме нерегуларности ќе издадеме решение за негово отстранување.“

 

Акцијата следеше по неколку опомени и непостапување по издадените забелешки. Механизацијата, во координација со инспекциските служби, ја отстрани незаконски поставената конструкција, која го попречуваше нормалното движење на пешаците и функционирањето на сообраќајот.

 

Жителите на Дебар Маало ја поздравија акцијата и ослободувањето на просторот кој подолго време беше бесправно узурпиран.

 

Во тек е обемна и континуирана акција за воспоставување ред на јавните површини, со засилени инспекциски контроли и активности за расчистување на нелегално поставени објекти. Целта е да се заштити јавниот интерес, како дел од пошироката стратегија за воспоставување ред во општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.