Вкупно 138 стипендии доделени во науката, спортот, културата и социјалната поддршка во Општина Центар
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 14 Ноември 2025
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства.
„Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна 138, во области на наука, спорт, култура и социјална поддршка.
Општина Центар продолжува да ги поддржува сите ученици кои со своите резултати и успеси покажуваат посветеност, труд и желба за напредок.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












