Центар е лидер во дигитализација, електронски упис на првачиња, персонализирани известувања од градинки и мерачи на бучава

„Инвестираме во дигитализација за да ги направиме општинските услуги побрзи, поефикасни и подостапни за граѓаните. Наша цел е Општина Центар да биде дигитална, интерактивна и блиска до своите жители,“ рече градоначалникот Горан Герасимовски во интервју за емисијата „Програма на градовите“ на МРТВ.



Тој посочи дека општината го развива и надградува ГИС порталот, кој им овозможува на граѓаните брз и лесен пристап до информации и документи, како што се деталните урбанистички планови (ДУП), уписите и податоците за училиштата и градинките.

„Со регистрација во ГИС-от, што се наоѓа на општинската веб-страница, граѓаните можат да проверуваат во кое училиште реонски припаѓа нивното дете и да поднесат електронска пријава за упис. Новина е модулот за градинки, преку кој родителите добиваат персонализиран профил на детето, преку кој се информираат за активностите, присуството и другите известувања од градинката ,“ рече Герасимовски.


Зелениот катастар, кој исто така е дел од ГИС-от, овозможува увид во мапираното зеленило, со околу 80 проценти од дрвјата веќе внесени со податоци и фотографии.

Дополнително, Digital Twin, тридимензионалната дигитална реплика на урбаното јадро, овозможува транспарентен пристап до урбанистичките планови и инфраструктурата.

„Во делот на животната средина воведуваме СМАРТ-систем за мерење бучава, со уреди на 30 локации кои ќе ја следат бучавата во реално време и ќе обезбедуваат податоци за брза интервенција на нашите инспектори. Во строгиот центар на градот ќе се постават и три бесплатни WiFi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец,“ истакна Герасимовски.

„Пред една и пол година завршивме со Смарт програмата за осветлување, со замена на речиси 5.000 улични светилки со енергетски ефикасно LED светло , што ја подобрува видливоста, ја зголемува безбедноста и штеди енергија,“ заклучи Герасимовски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.