Герасимовски додели 82 стипендии до 3500 денари месечно на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар!

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, во изминатите два дена додели 82 стипендии на ученици од областа на науката, техниката, посебните вештини и културата.

Тој, потенцира дека овие ученици од основните општински училишта во Центар според утврдените критериуми покажале највисоки резултати и успеси на државните и меѓународните натпревари.

„Доделувањето на стипендии ми е секогаш најдраг момент. Ретка прилика да ги видиме младите уметници на дело, секој ученик со својата изведба и со својот автентичен талент. Вистинско задоволство за душата. Вчера доделивме 44, а денеска 38 стипендии. Овие стипендии се мотивација и финансиска поддршка за овие млади луѓе да ја покажат својата дарба пред македонската и светска публика, да се афирмираат и да ја претстават нашата општина во најубаво светло. Нивните успеси се наша најголема радост. Општина Центар продолжува да вложува во младите, во образованието, во гордоста и иднината на Центар“, вели Герасимовски. 

Стипендиите до 3.500 денари месечно ќе се исплаќаат до крајот на тековната учебна година, како поддршка за постигнување успеси и резултати. Оваа активност се реализира по повод Денот на општината. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.