Најавен прекин во водоснабдувањето за утре во дел од Општина Бутел
- Детали
- Категорија: Бутел
- Создадено: 11 Декември 2025
Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“ извести за планиран прекин во водоснабдувањето за утре, петок, 12 декември 2025 година, кој ќе погоди дел од корисниците во Општина Бутел.
Прекинот е најавен поради неопходна замена на вентил во шахта на улицата „Натанаил Кучевишки“ б.б., кај градинката „11-ти Октомври“.
Со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на следните улици:
Натанаил Кучевишки
Краишка
Хо Ши Мин
Водоснабдувањето ќе биде прекинато почнувајќи од 10:30 часот до завршување на работните активности на екипите на ЈП „Водовод и Канализација“.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












