Тони Зен и Пајак дел од Новогодишниот базар во Општина Илинден
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 15 Декември 2025
Општина Илинден, во соработка со општествено одговорни компании, и оваа година го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино. Настанот, кој е наменет за сите генерации, ќе трае од 26 до 28 декември.
Денеска, во кабинетот на градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, се одржа средба со македонскиот рапер и продуцент Тони Петковски (Тони Зен) и младиот музички артист Христијан Настески (Пајак). На средбата биле разгледани можностите за тековна и идна соработка, како и нивното учество во музичката програма која ќе биде дел од новогодишните случувања.
Новогодишниот базар ќе понуди богата и разновидна празнична програма. Покрај настапите на Тони Зен и Пајак, посетителите ќе може да уживаат во празнична гастрономска понуда, топли пијалоци, детска и хуманитарна програма, дружење со Дедо Мраз, како и бројни забавни активности.
Општина Илинден и понатаму останува посветена на поддршката и организацијата на културно-забавни настани со цел да се негува празничниот дух, да се збогати општествениот живот и да се создаде пријатна атмосфера за сите жители во овој празничен период.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












