ЗЕЛС: Продолжува соработката на општините со Државната изборна комисија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Февруари 2026
Претседателот на Заедница на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со новоизбраниот претседател на Државна изборна комисија (ДИК), Бојан Маричиќ, и членовите на Комисијата.
На средбата беа разгледани актуелните предизвици и координацијата меѓу институциите во пресрет на претстојните изборни процеси, со акцент на фер, демократско и транспарентно спроведување на изборите.
ЗЕЛС ја потврди својата посветеност на поддршка на општините за навремено и ефикасно постапување согласно насоките на ДИК.
Дополнително, беше отворено прашањето за законските обврски на Град Скопје кон градската изборна комисија, кои се целосно подмирени во јануари 2026 година, при што беше потенцирано дека исплатата на членовите на општинските изборни комисии е во надлежност на општините.
Соработката, дијалогот и координацијата продолжуваат во интерес на демократските вредности и довербата на граѓаните.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















