Средба на ОМД со Министерот за здравство на Македонија – нова донација и зајакнување на врските со дијаспората

Обединетата Македонска Дијаспора оствари значајна работна средба со Министерот за здравство на Македонија, Азир Алиу, на која беа разгледани можностите за унапредување на здравствениот систем преку активна вклученост на македонската дијаспора.

 

На средбата беше потврдена и овогодинешната донација на медицинска опрема, која ОМД ќе ја реализира до крајот на годината, како уште еден доказ за силната поврзаност на иселениците со својата татковина и нивната подготвеност да придонесат за подобро здравство во Македонија.

 

Посебен акцент беше ставен на развојот на телемедицината, како мост што ќе ги поврзе македонските пациенти со врвни доктори од дијаспората. Во таа насока, ОМД започнува иницијатива за мапирање на македонски лекари ширум светот.

 

"Ги охрабруваме сите македонски доктори во странство да ни се обратат и да станат дел од оваа национална мрежа на знаење и солидарност", апелираат од ОМД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.