Општина Илинден исчисти 23 километри одводни канали за спречување поплави

Општина Илинден, во соработка со АД Водостопанство „Скопско Поле“, интензивно работи на одржување на каналската мрежа, при што од почетокот на годината досега се исчистени околу 23 километри отворени одводни канали на нејзината територија.

 

Овие активности се од клучно значење за обезбедување на проточност на мрежата и спречување на поплави. Во изминатиот период, екипите извршија машинско чистење на повеќе критични точки:

 

Сисавец на Главен канал (горна зона): Исчистени се 2.300 метри, од обиколницата кон Белви.

 

Главен канал во делот кај правните субјекти на улица „32“: Исчистени се 700 метри кон автопатот, железничката пруга и централниот дел на Илинден.

 

Ободен канал во населено место Илинден: Исчистени се 2.500 метри, од локалната економска зона Стопански комплекс Илинден кон локалната економска зона Карагач.

 

Според предвидената динамика, во тек е машинско чистење на Сува Река во населено место Миладиновци, кое ќе продолжи кон Текија и Дељадровци во должина од 4.000 метри.

 

Со редовното одржување на каналската мрежа се обезбедува непречен проток на атмосферските води, се спречуваат потенцијални поплави и се придонесува кон чиста животна средина, што е основен услов за квалитетен живот на населението во Општина Илинден.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.