Асфалтирање на краци од улица „500“ во Марино

Целосно се реконструирани и асфалтирани три краци (крак 1, крак 4 и крак 5) од улицата „500“ во населбата Марино, во вкупна должина од приближно 230 метри, информираат од Општина Илинден.


Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во градежните зафати и нагласи дека претходно на овие улици е поставена фекална канализација, по што се пристапува кон финализирање со асфалтирање.

Во наредниот период се предвидува продолжување со слични зафати на други улици, со цел унапредување на условите за сообраќај, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на жителите.


Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, со што значително ќе се подобри локалната патна инфраструктура.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.