Градоначалникот Лукровски и советниците од Карпош ги добија своите уверенија
- Детали
- Категорија: Карпош
- Создадено: 13 Ноември 2025
„Во мене нема да имате само градоначалник, туку и пријател и колега чија врата ќе биде ширум отворена за соработка. Кај мене ќе бидете добредојдени за да ги разгледаме сите отворени прашања, да се консултираме и заедно да изградиме еден поубав Карпош“ – посочи Лукровски.
Претседателот на ОИК - Карпош им ги додели Уверенијата за мандатите и на 27 советници, кои во претстојниот четиригодишен мандат (2025-2029) ќе ги застапуваат интересите на карпошани во општинскиот Совет.
Оттука, претседателот Мусалевски им го честиташе мандатот на советниците од Карпош, при што упати зборови на пофалба за работата на Општинската изборна комисија.
Тој им посака на советниците многу енергија, тимски пристап и успешна работа во интерес на карпошани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












