Први 100 дена од мандатот на градоначалникот на Илинден: Конкретни резултати и развој

Во првите 100 дена од својот нов мандат, градоначалникот на Општина Илинден, покажа дека довербата на граѓаните се претвора во конкретни дела за континуиран развој и подобрување на квалитетот на животот.

 

Во областа на инфраструктурата, активно се реализираат проекти за патна и комунална мрежа. Изградени се нов плочест мост и сервисната улица „500“, започна изградбата на улица „103“ во Јака, а улица „30“ во населба Илинден е целосно реконструирана. Поставена е нова сообраќајна сигнализација, изградена е заштитна ограда околу комплексот „Драго Маневски“ и нов паркинг простор кај СОСУ „Илинден“. Продолжуваат активностите за чистење на каналската мрежа и довршување на фекалната канализација во Кадино, додека се подготвува документацијата за Миладиновци, Ајватовци и Бунарџик.

 

Паралелно се вложува и во подобрување на јавните услуги. Реконструиран е покривот на административната зграда на ЈКП „Илинден“, набавена е нова опрема, а редовно се спроведува дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во рамки на иницијативата „Зелена Општина Илинден“ засадени се околу 600 нови дрвца, со цел унапредување на животната средина.

 

Посебно внимание е посветено на младите и образованието. Обезбедени се смарт таблети за учениците, реконструирани се училниците, а изградбата на централната кујна во ЈОУДГ „Гоце Делчев“ е во завршна фаза, овозможувајќи пренамена на постојните простории за згрижување на повеќе деца. Воведена е финансиска поддршка за првачиња, зголемена е поддршката за новороденчиња и за млади претприемачи.

 

Во рамки на културниот и социјалниот развој, организирани се бројни настани, изложби и спортски активности. Потпишани се меморандуми за обезбедување логопедско-дефектолошки услуги, поддршка за највозрасните граѓани и за организација на втор економски саем, со цел унапредување на локалната економија.

 

Градоначалникот истакнува дека овие први 100 дена потврдуваат дека Општина Илинден се движи во вистинска насока, со јасни приоритети и мерливи резултати. Продолжуваат инфраструктурните, образовните, комуналните, социјалните и културните активности со цел создавање средина во која секој граѓанин ќе биде вреднуван, слушнат и испочитуван.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.