Потпишан меморандум за организација на „Експо Илинден 2026“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, и компанијата „Панекс експо“ ДООЕЛ повторно ставија потпис на меморандум за соработка, со што официјално се најавува одржувањето на „Експо Илинден 2026“.

 

Со договорот се продолжува партнерството започнато минатата година, а регионалниот економски саем ќе се реализира втора година по ред. Настанот има за цел да го поттикне локалниот економски развој преку поврзување на компании, претприемачи, инвеститори и други релевантни чинители од бизнис-заедницата.

 

„Експо Илинден 2026“ ќе претставува можност за презентација на домашните фирми, размена на искуства и идеи, како и создавање нови деловни соработки и инвестиции.

 

Градоначалникот Георгиевски нагласи дека одржувањето на вакви манифестации во континуитет има значајна улога во зајакнувањето на економијата, додавајќи дека Општината ќе продолжи активно да поддржува проекти што придонесуваат за одржлив развој и подобар квалитет на живот.

 

Повторната организација на саемот, според надлежните, е потврда за успешноста на првото издание и за позитивните економски текови во општината, која и годинава се јавува како покровител на настанот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.