Општина Илинден ја зголемува поддршката за млади претприемачи

Општина Илинден, која се вбројува меѓу најбрзорастечките општини во регионот, продолжува со активности насочени кон унапредување на бизнис-климата и поддршка на претприемништвото, паралелно со развојот на локалните економски зони и растот на деловниот сектор.

 

Во таа насока, локалната самоуправа ја проширува мерката за субвенционирање на млади претприемачи, воведена во 2023 година. Наместо досегашната поддршка од 6.000 денари за лица до 29 години, од оваа година се воведува зголемена финансиска помош од 10.000 денари, која ќе се доделува во период од три години.

 

Новата мерка е наменета за млади до 35 години кои се активни во занаетчиството или управуваат со мали локални бизниси, регистрирани на територијата на општина Илинден. Поддршката важи од моментот на отворање на бизнисот и има за цел да го поттикне младинското претприемништво, самовработувањето и одржливиот развој на локалната економија.

 

Средствата за спроведување на мерката се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден, со што уште еднаш се потврдува определбата на општината за континуирана поддршка на бизнис секторот и создавање стабилна основа за економски раст на локално ниво.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.