Општина Илинден со нова мерка: финансиска поддршка за секое прваче

Општина Илинден, како општина со континуиран демографски раст и зголемен наталитет, воведува нова мерка насочена кон поддршка на семејствата и унапредување на образовниот процес. За првпат се обезбедува финансиска поддршка за сите ученици кои ќе се запишат во прво одделение.

 

Од 2022 година, Општината редовно обезбедува ранчиња и училишен прибор за секое прваче во основните училишта на својата територија. Почнувајќи од следната учебна година, оваа поддршка се проширува со воведување субвенција од 3.000 денари за секое дете запишано во прво одделение.

 

Со оваа мерка, локалната самоуправа има за цел да им помогне на родителите во покривањето на дел од трошоците поврзани со започнувањето на школувањето и да обезбеди порамномерен и посигурен старт за сите ученици. Средствата за субвенцијата се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

 

Новата поддршка е дел од пошироките политики на Општина Илинден за грижа за младите семејства. Неодамна беа зголемени и финансиските надоместоци за новороденчиња, со што Општината уште еднаш ја потврдува својата определба за инвестирање во децата, семејствата и долгорочниот развој на заедницата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.