Марио Димитријевски по шести пат го фати светиот крст во Илинден

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во населеното место Илинден традиционално се одржа осветувањето и положувањето на светиот крст во водите на езерото кај хотел „Белви“. Настанот се реализираше во организација на црквата „Св. Константин и Елена“, а под покровителство на Општина Илинден, со присуство на голем број верници.

 

Во чинот на фаќање на светиот крст учествуваа 70 храбри учесници. Најсреќен меѓу нив беше Марио Димитријевски, кој по шести пат успеа прв да стигне до светиот крст, потврдувајќи ја својата упорност и верба.

 

Осветувањето го предводеше епископот дељадровско-илинденски Јоаким, а целиот настан помина во свечена, достоинствена и духовна атмосфера, со особено внимание од страна на присутните.

 

На Димитријевски му беа упатени бројни честитки и желби за здравје, среќа и благослов во текот на годината. Тој доби пригодни подароци од градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, од директорите на јавните комунални претпријатија, како и од верници и општествено одговорни компании меѓу кои Зегин, Компанија Атанасовски, Стакло Деби и други, со што уште еднаш беше нагласено значењето на негувањето на верските и културните традиции во општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.