Општина Илинден со богат Новогодишен базар за сите генерации
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 25 Декември 2025
Од 26 до 28 декември, на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, ќе се одржи Новогодишниот базар „Патека на радоста“, организиран од Општина Илинден во соработка со општествено одговорни компании. Овој тридневен настан нуди разновидна програма, започнувајќи од празнични содржини за најмладите, како средби со Дедо Мраз, театарски претстави и магионичарски шоуа, па сè до музички настапи на најпопуларните имиња од македонската сцена.
Љубителите на музиката ќе можат да уживаат во атмосферата приредена од Тони Зен, Таско, Пајак, Јанг Дади и Ди-Џеј Боно. Општина Илинден упатува отворена покана не само до своите жители, туку и до граѓаните од околните општини да се приклучат во славењето на празничниот дух и заедништвото на овој нов модерен простор.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


















