Безбедноста во Општина Илинден под лупа: Одржана четвртата седница на Локалниот совет за превенција

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, ја одржа четвртата редовна седница на Локалниот совет за превенција, каде заедно со претставници од МВР и други релевантни институции ја разгледаа безбедносната состојба во општината. На состанокот беше презентиран статистичкиот извештај за 2025 година, кој послужи како основа за евалуација на досегашните активности и планирање на идните чекори за заштита на граѓаните.

 

Присутните дискутираа за реализираните проекти на локалната самоуправа насочени кон зголемување на сигурноста во сите населени места, при што беа донесени заклучоци за итно преземање дополнителни превентивни мерки. Беше нагласено дека клучот за успех лежи во координираниот пристап и зајакнувањето на довербата меѓу полицијата, општината и жителите.

 

Главниот фокус на Локалниот совет останува превентивното присуство на терен и навременото спречување на појави кои негативно влијаат врз јавниот ред и мир. Преку овие редовни седници се градат партнерски односи кои треба да обезбедат стабилна и безбедна средина за живеење и работа во целата општина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.