Општина Илинден започна со изградба на новата улица „103“ во Јака

Во рамки на најавените активности за подобрување на патната инфраструктура, Општина Илинден започна со градежни работи за изградба на новата улица „103“ во населбата Јака.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, заедно со директорите на јавните претпријатија и стручните служби, извршија увид на градежните работи на терен.

 

Улицата ќе биде изградена во вкупна должина од 512 метри, со коловоз широк 6 метри и тротоари од двете страни со широчина од 1,5 метри. Проектот вклучува и систем за ефикасно зафаќање на атмосферските води од коловозот.

 

Градоначалникот Георгиевски истакна дека активностите се одвиваат во полна динамика, при што во моментов се врши профилирање и трасирање на улицата, како и стабилизирање на тлото. Тој додаде дека пред почетокот на изградбата на коловозот, беа реализирани повеќе приклучоци за фекална канализација и водоснабдување на локалните објекти долж трасата.

 

Општина Илинден нагласи дека останува посветена на реализација на тековните и отпочнување на нови проекти со цел обезбедување квалитетни и современи услови за живот за сите граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.