Илинден го одбележа Светскиот ден на лицата со хендикеп

По повод Меѓународниот ден на лицата со хендикеп, кој традиционално се одбележува на 3 декември, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници на Хуманитарното здружение на граѓани и лица со хендикеп „Илинден“ – Скопје.

 

На приемот, градоначалникот Георгиевски ја истакна важноста од континуирана поддршка и создавање рамноправни услови за сите лица со хендикеп. Тој посочи дека овие сограѓани секојдневно се соочуваат со различни бариери – физички, социјални и економски, за што локалната самоуправа има обврска активно да работи на нивно намалување.

 

„Општина Илинден, како и досега, ќе продолжи да стои зад хуманитарните здруженија и зад сите лица со хендикеп што живеат на нашата територија. Инклузијата не е привилегија, туку основно право“, нагласи градоначалникот.

 

Во знак на благодарност за континуираната поддршка, Здружението му врачи благодарница на градоначалникот. Како возврат, Георгиевски им додели скромен подарок наменет за потребите на децата и за активностите на здружението, со што се потврди новата фаза на соработка меѓу локалната власт и здруженијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.