Отворен ден во Општина Илинден
- Детали
- Категорија: Илинден
- Создадено: 27 Ноември 2025
Општина Илинден ги повикува своите граѓани, претставниците на граѓанските здруженија и правните лица активно да се вклучат во финалната фаза од изработката на Буџетот за 2026 година. Овој инклузивен процес, кој во текот на месец ноември им овозможи на жителите да пополнат буџетски прашалници и да ги достават своите идеи, кулминира со отворен ден наменет за заедничко креирање на финансискиот план.
Отворениот ден ќе се одржи утре, 28 ноември (петок), во просториите на Општина Илинден, со почеток од 14:00 до 18:00 часот.
Од Општината истакнуваат дека ова е директна можност за жителите да бидат дел од промените, со што се подобрува квалитетот на локалните услуги и условите за живот. Ваквиот пристап ја потврдува заложбата на Општина Илинден за транспарентно и одговорно работење, кое е ставено во служба на граѓаните, овозможувајќи брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите.
„Врвен приоритет на Општина Илинден е транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните, затоа ваквата инклузивна можност воспоставува процеси на брзо и квалитетно решавање на проблемите на жителите“, велат од локалната самоуправа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс












