Во населеното место Марино е изграден нов урбан парк со повеќе содржини

Паркот се наоѓа меѓу улиците „531“, „532“ и „534“ и зафаќа површина од околу 6.000 м².

Просторот е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица. Паркот е збогатен и со зелени површини, отворен плоштад наменет за јавни настани, централна фонтана, жардињери со декоративни растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за најмладите.

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, при увидот на плоштадот истакна дека уредувањето на јавните простори е од суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на граѓаните.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.