Градоначалникот на Будимпешта испрашан како осомничен поради организирањето на Парада на гордоста

Градоначалникот на Будимпешта, Гергељ Карачоњ, денеска бил испрашуван од Националното биро за истраги како осомничен во врска со организацијата на Парадата на гордоста во Будимпешта.

 

Карачоњ изјави дека е под истрага поради сомнение за кршење на законот за правото на јавно собирање со наводно организирање на настан што претходно бил забранет од полицијата и затоа што ги поканил граѓаните да присуствуваат, јави унгарската новинска агенција МТИ.

 

Тој го опиша полициското сослушување како „апсурдно“, нагласувајќи дека градските власти немаат никакви овластувања или правила во врска со собири и оти наводни злоупотреби не се можни.

 

Стотици илјади луѓе на 28 јули се собраа во Будимпешта за да ја одбележат 30-годишнината од Парадата на гордоста, и покрај забраната за настанот што ја воведе владата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.