Барселона доживеа катастрофален пораз од Атлетико Мадрид во полуфиналето на Копа дел Реј

Барселона беше поразена со 4-0 од Атлетико Мадрид во првиот натпревар од полуфиналето на Копа дел Реј, откако тимот на Диего Симеоне целосно ја искористи катастрофалната игра на „блауграна“. Тактиката со висока одбрана на Ханси Флик постојано беше надигрувана, а навивачите на „Метрополитано“ не можеа да веруваат што гледаат.

 

Ран удар Атлетико имаше уште во првите моменти кога голманот на Барселона, Жоан Гарсија, поради недоволна концентрација по едно додавање, дозволи топката да ја премине гол-линијата, иако Пау Кубарси се обиде да ја расчисти. 

 

Антоан Гризман го дуплираше водството на Атлетико пред да помине првата четвртина од натпреварот. „Рохибланкос“ повторно ја искористија речиси самоубиствената висока линија на Барса и постигнаа трети гол пред полувремето, со одличен гол на Лукман. Само неколку минути подоцна Хулиан Алварез го постави конечниот резултат од 4-0 со силен удар од далечина.

 

Во второто полувреме, Кубарси им даде некаква надеж на Барса мислејќи дека го намали резултатот, но голот беше поништен по деветминутно, речиси неверојатно, разгледување на ВАР. Пред крајот, лошата приценка од страна на Ерик Гарсија му донесе директен црвен картон, за да се заокружи навистина катастрофалната вечер за Барселона.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.