Линдзи Вон доживеа тешка повреда на Олимпијадата и заврши во болница

Легендарната американска скијачка Линдзи Вон доживеа сериозен пад на Зимските олимписки игри во Милано–Кортина, при што доживеа сериозна повреда. Таа веднаш беше пренесена со хеликоптер во болница во Тревизо, каде веќе имаше прва операција, а ќе ѝ бидат потребни и дополнителни хируршки зафати за целосно закрепнување.

 

Вон изјави дека иако нејзините олимписки планови завршиле ненадејно, нема каење што се натпреварувала, и дека ќе се бори за да се врати во форма. Нејзиниот татко најави дека повредата најверојатно ќе означи крај на професионалната кариера, нагласувајќи дека здравјето ѝ е најважно. Вон останува една од најуспешните скијачки во историјата со 84 победи на Светски купови и три олимписки медали.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ НЕТ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на mtm.net@yahoo.com



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.НЕТ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM НЕТ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.